Ехо на љубовта - Хана Филдинг

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Сѐ што знам е дека ти ја осветли мојата темнина со блескава
светлина и сега сите струи од моето битие течат кон тебе.
Ти, само ти можеш повторно да ме соединиш во една целина.
Длабоко разочарана во љубовта, младата Вениша заминува во Италија и таму почнува нов живот. Како успешен архитект, таа со години внимателно градела непробојна тврдина околу сопственото срце. Но, кога една карневалска вечер во Венеција таинствениот Паоло ја спасува од маскираните напаѓачи, нејзините заспани чувства ќе се разгорат со силен пламен. И покрај многубројните озборувања и угледот на Паоло како женскар, Вениша, сепак, не може да се спротивстави на таинствениот маж што ќе успее да ги отклучи сите капии до нејзината душа.
Кога ќе добие нов проект во величествената куќа на Паоло во Тоскана, Вениша ќе биде принудена да се соочи со низа тешкотии што се закануваат да ја доведат во опасност нивната романса – убавица решена да ја добие љубовта на Паоло само за себе, злобен гроф, чиишто намери се далеку од добри и демони од минатото што демнат во сенка.
Дали мрачните тајни засекогаш ќе ги разделат или ќе успеат да се изборат за својата љубов?

Сподели на Facebook