Манипулаторот - Дејвид Унгер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По сите индикатори, Гиљермо Розенсвајг е олицетворение на успехот. Тој е член на гватемалската елита, има успешна адвокатска кариера, има жена и деца и низа прекрасни љубовници. Меѓутоа еден ден патиштата му се вкрстуваат со либанската заносна убавица Маријам, во која очајно се заљубува… до таа мера што кога во моментот ја губи неа, тој не гледа друга опција освен да си ја инсценира сопствената смрт. Манипулаторот е роман базиран на бизарната вистинска животна приказна на Родриго Розенберг, адвокат од Гватемала, кој во 2009 година, си го испланирал сопствениот атентат, оставајќи зад себе видео во кое го обвинува претседателот на Гватемала, Алваро Колом за неговото убиство. Манипулаторот е фасцинантен опис на денешна Гватемала и корумпираната, криминална и заканувачка реалност што се шири во општеството.

Сподели на Facebook