Украденото дете - Санџида Кеј

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По неколку неуспешни обиди за свое биолошко бебе, Оли и Зои добиваат повик дека конечно ќе станат родители. И покрај предупредувањата од службените лица и лекарите да не ù даваат име на својата ќерка, бидејќи така само би им било потешко, Оли и Зои не ги послушуваат. Одлучуваат да ù дадат име Евелин Кетрин Морли или нагалено Еви.
И покрај сите можни ризици, за тоа дека може да има оштетување на мозокот или дури и да почине поради предвременото раѓање, доволни се само неколкуте зборови од сопругот: „Сè ќе биде во ред“.
Но, дали навистина ќе биде така? Дали Еви има фетален алкохолен синдром? Дали ќе биде спасена, бидејќи е бебе од мајка-зависничка од дрога?
И кој е Бен, бумбарестиот рус херувим од фреските на Микеланџело?...

Сподели на Facebook