Објавено од Слободан Пачовски Четврток, 11 Февруари 2021 08:33
Градинарот; брутален, изопачен човек, опседнат со фаќање и зачувување на неговата колекција пеперутки-жени. Убавината, очајот и стравот беа насекаде присутни. Кога ќе се открие градината, се носи преживеан на распит. Агентите од ФБИ имаат задача да го разоткријат најкомплицираниот случај во нивната кариера. Но девојчето познато како Маја, самата по себе е загатка. Нејзиното сведочење го открива теророт и агонијата на најубавите места – кои кријат најтемни тајни.
Вистинските пеперутки може да летаат далеку од дофат. Но за пеперутките на Градинарот секој обид за лет беше – пад. Некои остануваа скршени, други пак се составуваа и изгледаа целосни – со сите остри рабови на виделина…