Совршени остатоци - Хелен Филдс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На оддалечена планина гори телото на Елејн. Преостанува само да се идентификува почитуваната адвокатка – преку остатоци од заби, и еден фрагмент од нејзината облека. Во скриена задна соба, на една куќа во Еднибург, вистинската Елејн вреска во темнината, плашејќи се од нешто, кое е многу повеќе од физичка болка. Инспектор Лук Каланах, зад себе остави ветувачка кариера во Интерпол – желен да се докаже на новиот тим во локалното подрачје. И кога едвај стапна во новата канцеларија, случајот за исчезнатата жена прерасна во истрага за убиство, во кој, убиецот ги сокрива трагите со внимателна прецизност.
После извесно време, киднапирана е уште една успешна жена, која умот го цени повеќе од телото. Каланах е во трка со времето, или пак тој така мисли?
Судбината на киднапираните жени, ќе се покаже многу повеќе изопачена, отколку што може да се претпостави..

Сподели на Facebook