Крвава венчавка - Пјер Леметр

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Софи е млада вдовица која секое утро се буди со солзи во очите, и грутка во грлото; прогонувана од визии од минатото, и црни дупки во нејзината меморија. Едно кобно утро; под сомнителни околности беше пронајдено безживотното тело на 6 годишниот Лeо – склупчен, со зглобовите врзани за глуждовите, и длабок рез околу вратот од врвка на чевлите на Софи – таа не се ни сеќава како го убила детето, на кому му беше дадилка. Стравувајќи дека го изгубила разумот, со некординирани чекори се впушта во бегство – во потрага по маж кој ќе ѝ овозможи нов идентитет – презиме, кое не е извалкано, за да ја извади од длабочините на црната дупка. Но, некои идеи се пострашно и од оружје.

Сподели на Facebook