Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 23 Февруари 2021 11:48
Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.
Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.
Зошто не и вие?