Фондација - Исак Асимов

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ремек-дело на научната фантастика, серијалот Фондација на Исак Асимов е ненадминат според уникатната комбинација на непрекината акција, смели идеи и екстензивно градење на светот. Приказната за нашата иднина почнува со историјата на Фондацијата и нејзиниот најголем психоисторичар, Хари Селдон. Цели дванаесет илјади години Галактичката Империја била неприкосновен владател. Таа сега умира.
Само Хари Селдон, творец на револуционерната наука психоисторија, може да ја види иднината – мрачен период на незнаење, варварство и војни што ќе трае триесет илјади години.

За да го зачува знаењето и да го спаси човештвото, Хари Селдон ги собира најблескавите умови на Империјата и ги носи на пуста планета некаде на крајот на Галаксијата, за да станат факел на надежта за идните генерации. Ова засолниште го нарекува Фондација.

 

 

Сподели на Facebook