Единственото сеќавање на Флора Бенкс - Емили Бар

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Флора Бенкс има седумнаесет години и има амнезија. Сè што ѝ се случува, многу брзо го заборава. Постојано се обидува да се сети на минатото. Живее сега и тука. Но, една вечер ќе го бакне Дрејк и ќе се промени сè. Се сеќава на тојбакнеж. Тоа е првото сеќавање што успеа да го зачува од својата десетта година. Но, Дрејк отиде на Северниот пол на Арктикот. Ќе успее ли да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли тој да си го врати памтењето? Ќе успее ли љубовта да ја победи амнезијата? Не ѝ преостанува ништо друго освен да се обиде. Мора да го пронајде, без оглед на сè! Мора да биде похрабра и порешителна!
И преостанува само надежта! Но на кого да верува на ова патување? На Дрејк, на најдобрата другарка, на родителите или…

Сподели на Facebook