Објавено од Слободан Пачовски Четврток, 06 Мај 2021 11:28
Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс заедно со синовите патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ù верува...