Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 29 Јуни 2021 08:32
На овие настани се надоврзува судбината на Јан, синот на Естер кој што е студент во Прага и кој што е потресен од самозапалувањето на студентот Јан Палах, за време на советската воена интервенција во Чехословачка, во 1968 година. Разочаран, тој бега во Шведска, каде што во еден поинаков, западен и декадентен свет, се жени за раскошната, а истовремено и сурова Шештин. По дваесет години, пак, нивната ќерка Гунила, се враќа во родниот град на таткото Јан, во независната држава – Чешка, за да се открие себе си. Судбината на измислените херои станува повистинска од самиот живот. Нишките на историските и личните настани се преплетуваат, предизвикувајќи го интересот на читателот, а фикцијата станува главниот јунак.