Помладиот брат - Ханс Ерих Носак

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По десетгодишен престој во Бразил, инженерот Штефан Шнајдер се враќа во Хамбург. По враќањето затекнува една поинаква Германија, која сè уште ги носи лузните од разорувањата на Втората светска војна, сè уште жива, но досега невидена во ваква состојба. За време на војната, сопругата на Штефан умира под неразјаснети околности. Во Бразил, пак, тој бара нафта, но наоѓа ураниум, додека, пак, овде ќе бара разјаснување за смртта на својата жена.

Потрагата го води од светот на индустриските зони на западна буржоаска Германија и нивната едноличност, до источната половина на Германија, каде што ќе се втурне во еден нов свет. Запознавањето со овој свет е потресно доживување на Шнајдер за кое станува збор во „Помладиот брат“. Неговиот возбудлив извештај се проширува во критична слика за сегашниот свет во кој раскажувачот е главниот судија на настаните.
Ханс Ерих Нозак ни изложува еден навистина голем и незаменлив роман. Положбата во која е заплеткан денешниот човек изгледа безизлезна, но следењето на гласот на овој мислител ќе нè однесе кон излезот од густата шума.

 

Сподели на Facebook