Последно освежено на Четврток, 14 Октомври 2021 14:24 Објавено од м-р Гордана Ѓорѓиевска - Неделковски Среда, 25 Август 2021 08:24
Овој пат НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола Ви препорачува наслови кои одат кон подруги крајности. За сите љубители на фантазијата и хорор книгите ние им ги препорачуваме следниве наслови. Се надеваме дека ќе бидат доволно бррр и доволно вауууу за ваш вкус.
Уживајте со:
1. Ноќно пливање од Меган Голдин (М II 42 307)
Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и ослободува невин човек од затвор, Рејчел Крол станува општо познато име и последна надеж за илјадниците луѓе кои бараат правда. Но таа е навикната сите да го препознаваат нејзиниот глас, а не нејзиното лице. Затоа се вознемирува кога наоѓа порака на шофершајбната на нејзината кола, адресирана до неа, со молба за помош...
Може ли еден мал град да ги поправи грешките од минатото? Да се искупи за прикриените гревови? И што навистина се случило со Џени?
2. Длабоко во темнината од Лорет Ен Вајт ( М II 42 310)
Изолирана планинска куќа. Совршено место за да побегнеш од се и да одмориш малку. Толку изолирано место што никој никогаш нема да те најде.....
Ветувањето за луксузен одмор во спа центар во дива природа спојува осум среќни гости на едно место. Но ништо не е онака како што очекувале. Кога опасна бура им оневозможува секаков контакт со надворешниот свет, гостите почнуваат да стравуваат дека ова не е одмор. Туку замка.
Секој од нив има тајна. Секој има нешто што го крие. И сега, кога темнината полека се спушта, сите имаат од што да се плашат… а најмногу еден од друг.
3. Убиствата на Алиса од Гиљермо Мартинес (М II 42319)
Кој сака да го убие носителот на пораката? Кој се крие зад серијата злосторства? Кој и зошто ја користи книгата за Алиса за да убива?...
4. Верити од Колин Хувер ( М II 41 390)
Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши... Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.
5. Што знае ветрот од Ејми Хармон ( М II 42 313 )
Но Ирска во 1921 година е опасно време, на раб на војна. А Ен се буди токму таму, во тоа опасно време, повредена и дезориентирана. За неа се грижи доктор Томас Смит, старател на едно младо момче кое за чудо ѝ е познато од некаде. Кога ја помешуваат со одамна исчезнатата мајка на момчето, Ен го присвојува нејзиниот идентитет, убедена дека исчезнувањето на жената е некако поврзано со нејзиното.
Кога тензијата расте, Томас се приклучува на ирскиот отпор за независност, а и Ен се вмешува во конфликт покрај него. Распната помеѓу историјата и своето срце, таа мора да одлучи дали е подготвена да се откаже од својот стар живот за нов живот со љубов каква што мислела дека никогаш нема да пронајде. Но, на крајот, не се знае дали тој избор воопшто е во нејзини раце…
6. Убиства со монограм од Софи Хана ( М II 41 672)
Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена. Истата вечер во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секого од нив во уста му е оставено по едно копче. Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена?
7. Куќата на гласовите од Донато Каризи (М II 41 758)
... Пјетро Гарбер не е обичен психолог...Пјетро е најдобриот во цела Фиренца, каде што е познат како “заспивачот на деца“.Но, при повик од другата страна на светот, од колешка од Австралија која му препорачува пациент, Пјетро реагира збунето и со недоверба. Хана Хол не е дете, туку возрасна личност. Таа е прогонувана од сеќавање од детството, кое можеби не е реално.
8. Девојката од мочуриштето (М II 41565)
...кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето. Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат...
9. Деца на злото од Миодраг Мајиќ (М II 41487)
...како да се пронајде виновникот во свет во кој вистината е изобличена, а минатото на јунаците е вткаено во нивната сегашност со нераскинлива поврзаност со злото?
10. Лузна од Хуан Гомес Хурадо (М II 41539)
...додека не води од предградијата каде што оперира чешката мафија, до планините на Авганистан, преку Украина и руските степи, вешто прелетувајќи ги минатото и сегашноста, авторот ни го наметнува прашањето: колку далеку би оделе за оној кој го сакаме?