Часовничарот - Михаела Гашпар

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Секоја вечер, додека ги закопчува пижамите и се поздравува со сопствениот одраз во огледалото, главниот лик на овој роман, Јосип Мајдак, се подготвува за својата смрт. Секоја вечер се одвиваат и нашите генерални проби на умирањето, во кои, исто како него, легнуваме со надеж дека утрото сепак ќе станеме. Кога ќе ја положиме главата на перница – без разлика дали таа е со пердуви или анатомска, она што дише покрај нас, онаа нејасна присутност што останува кога ќе се изгасат и светлата и сенките, е нашата совест.
Наутро тивко се подигнуваме и се искрадуваме од постелата за да не си ја разбудиме совеста. Но совеста на часовничарот Јосип бдее будна во ноќта и веќе никогаш нема да заспие. Ќе му ги довлечка в постела сите оние на кои тој одамна заборавил: покојници, живи и оние за кои не се знае...

Сподели на Facebook