Објавено од Слободан Пачовски Среда, 22 Септември 2021 09:02
Една година подоцна, Марин е претворена во сениште. ФБИ изгубило секаква трага. Таа и нејзиниот сопруг одвај зборуваат еден со друг. Марин најмува приватен детектив да продолжи со истрагата, но, наместо да го најде Себастијан, открива дека Дерек има афера со помлада жена. Ова откритие ја враќа Марин во живот. Го изгуби својот син, но нема да дозволи да го изгуби и сопругот. Кензи е непријател со име и презиме, што значи дека ова е проблем што Марин може да го реши.