Последно освежено на Среда, 27 Октомври 2021 14:12 Објавено од Слободан Пачовски Среда, 27 Октомври 2021 14:00
МЕСЕЦ ОКТОМВРИ Е МЕСЕЦ НА КНИГАТА
По тој повод библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола ги посетија учениците од Прво-б одделение од ООУ„Елпида Караманди“- Битола и нивната наставничка Гордана Марковска -Угриновска.
Учениците имаа можност да ја слушнат прекрасната бајка „Девојчето и дванаесетте месеци„ од книгата „Бајки од Македонија“ која им ја прочита библиотекарот Гордана Ѓоргиевска-Неделковски. Оваа бајка праќа силна порака за силината на зборовите кои ги испраќаме кон другите.
„Убавиот збор железни врати отвора“
Затоа, уште од најмали нозе треба да ги применуваме убавите зборови, а истовремено да ги избегнуваме лошите.
Повеќе фотографии за овој настан на следниот линк: NUUB Facebook









