700 години од смртта на Данте Алигиери

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод „700 години од смртта на Данте Алигиери“, во холот на Библиотеката НУУБ Св. Климент Охридски - Битола, беше поставена тематска изложба.
Изложбата со своја програма ја збогатија ученици од СОУ„Таки Даскало“ - Битола, под менторство на проф.Николина Поповска.
Агилиери е писател на многу значајни дела напишани на италијански и латински јазик, но пред сè на монументалната поема Божествена Комедија, која претставува едно од најзначајните литературни дела на сите времиња во кое се раскажува за патување во задгробниот живот. Во поемата, поделена на три дела – Пекол, Чистилиште и Рај, се претставени религиозните и филозофски концепти на тој период и се среќаваат бројни познати личности од Италија и современици на авторот, коишто се трансформираат во универзални архетипови, дотаму што тие дури и денес се актуелни.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

Сподели на Facebook