Последно освежено на Петок, 19 Ноември 2021 10:48 Објавено од Слободан Пачовски Петок, 19 Ноември 2021 10:34
На ден 18.11.2021 година нашата драга колешка Марија Малгожата Мачковска, вработена во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола ја доби престижната награда „Рицерски крст - Орден за заслуги на Р.Полска“ од претседателот на Р. Полска Анджеј Дуда.
Оваа престижна награда се доделува уште од 1923 година на лица кои и дале заслуга на државата или на граѓаните со извршување на дела што го надминуваат опсегот на нивните вообичаени должности, кои носат значителна корист за државата или граѓаните, јавна посветеност и добротворни цели.
„Секогаш ме исполнува со гордост кога слушам дека моите сонародници придонесуваат за градење на просперитетот на другите земји, за нивниот развој“ - рече претседателот на Полска Анджеј Дуда.
Малгожата Мачковска е претседател на огранокот на Друштво за македонско - полско пријателство и соработка „Висла“.
Таа е креатор, организaтор на традиционалниот концерт „Шопенова вечер“ кој се одржува веќе 28 години во општина Битола со соработка со Државно музичко училиште - Битола и Амбасада на Р. Полска во Скопје, организатор на разни културни манифестации, популаризатор на полската култура во нашата држава, како и иницијатор на културна соработка помеѓу двете држави.
Повеќе фотографии од овој настан на нашата web страница: NUUB Facebook









