Последно освежено на Вторник, 23 Ноември 2021 12:52 Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 23 Ноември 2021 12:46
На 22.11.2021 година се одржа онлајн конференцијата „Виртуелни интернационални конекции : Глобална програма за размена на библиотекари“ (Virtual International connections : The Global Librarian Exchange Program) организирана од АЛА-Тркалезна маса за меѓународни односи и Универзитетската библиотека од Мичиген, САД.
На оваа меѓународна конференција учество зедоа м-р Фатма Бајрам Аземовска - виш библиотекар и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски - библиотекар од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.
Нашите библиотекари имаа можност да ја претстават својата библиотека и својата земја, помеѓу библиотеките од целиот свет, и да бидат дел од програмата која е планирана за 2022 година.
Оваа програма нуди можност за размена на искуства помеѓу библиотекарите од целиот свет, искуства поврзани со работењето во разни сектори од библиотеките.
На конференцијата беа споделени искуства и заклучоци од овогодинешната размена на библиотекарите, по што сите учесници имаа право да поставуваат прашања на кои одговор даваа организаторите. Иако временските разлики беа огромни, конференцијата се одвиваше со огромна заинтересираност од учесниците.









