Последно освежено на Вторник, 07 Декември 2021 14:02 Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 07 Декември 2021 13:53
По повод патрониот празник на Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола, ликовниот уметник Кети Радевска ни подари две прекрасни икони со ликот на Климент Охридски.
Над 5000 дела нацртани од нејзините вешти раце. А за нејзиниот талент сведочат и големиот број награди кои ги добила, кои често доаѓаат од разни фестивали и конкурси ширум светот. Кети Радевска е позната карикатуристка од Битола која твори веќе 22 години.
Нејзината љубов кон цртањето, уметноста и карикатурата се надева дека ќе ја пренесе, но и ќе ја препознае во некое од децата од градинката каде што работи.