Бесмртноста на Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

2021 година е година посветена на великанот на македонската култура, со што нашата земја и официјално се приклучува кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации оваа година да биде Година на мирот и довербата.

Владата на Република Северна Македонија и Министерството за култура ја усвои Националната програма „2021- Година во чест на Блаже Конески“ која е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО“.

По тој повод,  како дел од програмата за патрониот празник на 07.12.2021 година во просториите на НУУБ„ Св.Климент Охридски“ - Битола во соработка со Педагошкиот факултет од Битола, се одржа промоција на филмот „Бесмртноста на Блаже Конески“ од авторот Искра Талевска, дипломиран професор по англиски јазик и книжевност, изработен под менторство на проф. Силвана Нешковска.
Овој настан го збогатија и студентите од Педагошкиот факултет: Јасна Талевска, Димитра Десановска и Дијана Нешковска кои изрецитираа преубави стихови од Блаже Конески.
Модератор: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии од овој настан, на следниот линк: NUUB Facebook

Сподели на Facebook