Последно освежено на Петок, 10 Декември 2021 12:55 Објавено од Слободан Пачовски Петок, 10 Декември 2021 09:29
По повод патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“ во просториите на Библиотеката ќе се реализираат низа настани со учениците од основните и средните училишта посветени на животот и делото на великанот Блаже Конески.
Првиот настан се реализира со учениците од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ - Битола под менторство на наставничките по македонски јазик Дарија Наумовска и Марија Тановска.
Ученичките од повеќе класови од I до IV година од ова училиште, на настанот се претставија со прекрасни творби за животот и делото на Блаже Конески.
Подготвија: Вера Марковска и Ирена Колевска
Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook