Последно освежено на Вторник, 14 Декември 2021 08:10 Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 14 Декември 2021 08:03
„Јас сакам да те знам проѕирна, далечна, мила од коприна те ткам, од јасна ѕвездена свила“ - Блаже Конески
На 10.12.2021 година во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола поетско читање имаа учениците од VII одделение од ООУ „Елпида Караманди“ - Битола под менторство на Маја Јанакиевска, наставник по македонски јазик и литература.
Овие ученици накратко ни кажаа за животот и делото на Блаже Конески и ни се претставија со избор на песни како што се: Везилка, Тешкото, Љубов, Ноќна песна, Снег, Сон и др.
Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook