Читаме извадоци од делата на Нобеловецот Иво Андриќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 24.12.2021 во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ се реализираше уште една работилница на тема „Иво Андриќ - 60 години Нобелова награда“.

Учениците од IV година од СОУ „Јосип Броз Тито“- Битола,под менторство на професорката по македонски јазик Симона Петровска имаа можност да разговараат за животот и делото на нобеловецот Иво Андриќ и по нивен избор да прочитаат извадоци од неговите познати дела.

Оваа работилница беше посебно интересна бидејќи можеше да се направи споредба помеѓу физичко присуство и онлајн присуство, бидејќи дел од учениците ја следеа оваа работилница онлајн.
Изборот на книга и изборот на мисла од неа,  се секогаш предизвик за сите нас. Затоа сите заедно уживавме и се забавувавме со прекрасните цитати од делата на Иво Андриќ.

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

Сподели на Facebook