( 0 Гласа )
Расказот е форма на која Стивен Кинг во неговата неверојатна кариера постојано ù се враќа, од нив многу преточени во култни филмови, како „Тело“ („Биди покрај мене“) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ („Бегството од Шошенк“).
Како и неговите претходни збирки раскази, „Колку покрваво“ е колекција од уникатна куса фикција од автор кој со децении суверено владее на тронот на жанрот хорор.