Видиковец

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Во близина на Мунхоланд Драјв е пронајдено мртво тело. Жртвата, идентификувана како д-р Стенли Кент, има два куршума во задниот дел од главата. Случајот му е доделен на Хери Бош, детектив во полицијата на Лос Анџелес. Ова му е прв случај по префрлувањето во специјалниот оддел за убиства.

Бош започнува да го проучува минатото на д-р Кент и наидува на противречности. Иако нема никакви траги дека Кент бил поврзан со организираниот криминал, се покажува дека имал пристап до опасни супстанции од речиси секоја болница во Лос Анџелес. Истрагата, којашто започнува како обично убиство, се претвора во нешто многу поголемо и поопасно.

Бош постојано е во конфликт со ѕверките од полицијата во Лос Анџелес, како и со вжештените глави од ФБИ, кои сметат дека случајот е премногу важен за да остане во рацете на полицијата на Лос Анџелес. Освен тоа, помеѓу агентите на ФБИ е и поранешната љубовница на Бош, Рејчел Волинг, што само му ја отежнува работата.

Сподели на Facebook