Полноќен клуб

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Никој не ги познава најранливите делови на градот како њујоршкиот полицаец Џон Стефанович. Тој е во потрага по Александар Сен-Жермен, најмоќниот член на Плоноќниот клуб – тајно меѓународно друштво на суровите кралеви на криминалот, инаку уважени столбови на бизнисот и општеството. Стеф е идеален човек за таа работа – се додека не биде погоден од оружјето на Сен-Жермен и оставен да умре.

Но Стеф сепак се враќа. Иако во инвалидска количка, се заколнува дека ќе го уништи Сен-Жермен. Со помош на една убава новинарка и еден харлемски полицаец, Стеф прави се, со една единствена цел пред очите – да го растури Полноќниот клуб.

Сподели на Facebook