Шолја чај

PDFПечатиЕ-пошта

( 10 Гласа )

Розмари Фел е родена под среќна ѕвезда. Богата е, има влијателни пријатели и згоден свршеник, Филип Олсоп. Најпосле има се што сака.

А потоа, една зимска вечер, среќава на улица една сиромашна девојка, измрзната и искисната. Во налет на великодушност, Розмари ја поканува Елинор Смит кај себе на чај. Елинор и Филип се среќаваат и разменуваат еден единствен поглед. Розмари, на која нема да и се провлече значењето на тој поглед, набрзина ја испраќа непознатата од куќата, но она што се случило не може да се поништи. Навидум невината средба ќе прерасне во бурен и мачен љубовен триаголник – се додека животите на тројцата учесници не бидат зафатени од многу страшен виор.

Сподели на Facebook