Под мермерно небо

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Страсна, раскошна и драматична приказна за градењето на Таџ Махал и за распаѓањето на едно владетелско семејство...

Опсенливо патување во XVII век во Хундистан, чиј владетел, поразен од болката поради смртта на љубената жена, започнува градење на величенствен споменик што ќе сведочи за чудото на нивната љубов. Прекрасната градба наскоро ќе стане прочуена под името Таџ Махал.

Приказната за љубовта на своите родители и за настанувањето на Таџ Махал ја раскажува принцезата Џаханара, испреплетувајќи ја со неа и сопствената приказна – за незадоволената љубов кон славниот градител.

Ниедна модерна хероина од женските романи не и е рамна по достоинственоста, по внатрешната сила и досетливоста. Таа е интелегентна, непокорна, сомилосна кон сиромашните, приврзана кон своите родители, хероина која е невозможно човек да не ја засака.

Сподели на Facebook