Кралицата на југот

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа ) Откако е принудена да го напушти Мексико, Тереза Мендоса пребегнува во Шпанија каде ќе се запознае со Сантијаго Фистер, човекот кој криумчари хашиш преку Гибралтар. Маѓутоа, неговиот партнер е уапсен а Тереза мора да го завземе неговото место, влегувајки во мрачниот свет на подземјето со кој наскоро ќе завладее.

Зад вештиот параван кој го сочинуваат нејзините претпријатија, се кријат повеќемилионски зделки на нарко мафијата од почетокот на деведесетите години на минатиот век. Благодарејки на разработената мрежа на префрлање на дрога преку средоземјето и на своите врски, Тереза станува моќна жена, своеврсна легенда, а нејзиниот успех во светот на нарко мафијата за сите претставува големо изненадување. Новинарите ја нарекувааа „Кралицата на југот“, а полицијата не може да ја докаже нејзината замешаност во било какви илегални зделки.

Книга која ги спојува континентите и различните декади, интезивно доловувајки ја сензуалноста, окрутноста, лагата и корупцијата, едно од најдобрите дела на Реверте.

Сподели на Facebook