Крајот на една љубовна приказна

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Сместен во Лондон за време на Втората Светска Војна, романот на Греам Грин го испитува тројниот судир на љубовта, онаа кон самиот себе, кон другиот и љубовта кон Бога. Врската која е во прашање го вклучува Морис Бендрикс, крајно субјективен новелист и Сара Мајлс, покорна мажена жена. Љубовниците се среќаваат на забава што ја организира сопругот на Сара, од каде почнува нивниото взаемно ослободување од досадата и секојдневното незадоволство. Сеќавајки се на почетоците на нивната романса, Бендрикс вели: „Во тие денови никогаш не се постави прашањето кој кого сака – ние бевме заедно во страста“. Врската се одвива неколку години без пречки сè до едно попладне кога Бендрикс ќе стане жртва на проектил кој ќе удри во неговата куќа. Сара брза да го најде и го наоѓа легнат под една падната врата. Во тој момент таа склучува договор со Бога, ветување што го менува текот на нивната љубов...

Сподели на Facebook