Левиот брег на сена

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

На Левиот брег на Сена отсекогаш се живеело со слободнички, боемски животен стил, а последниве години, со доаѓањето на богатите филмски уметнци, тој дел од Париз станува помонденски од кога и да било. Во еден од отмените станови, уживајки во своите благодети - облека од славни креатори, избрани вина, познаници од највисокото друштво – живеат надмениот француски интелектуалец и неговаа жена, ѕвездичка на филмови со уметнички претензии и порно содржина. Привидот на гламурозен живот за кој многу сонуваат ќе го прекинат неочекувани настани. Брачните несогласици ќе се распламтат и ќе ги исфрлат на површина помалку привлечните страни на лелавото париско постоење – здодевноста, трачевите, кагите, неверствата и неисполнетоста.

Левиот брег на Сена ви открива како изгледа животот во луксузно окружување, на коктели, сеанси на пилатес, со инекции ботокс, сплетки и љубовни афери...

Сподели на Facebook