Вториот месија

PDFПечатиЕ-пошта

( 10 Гласа )

Вториот месија открива дека Покровот од Торино“, иако не е икона на етаблираната црква, обезбедува научен доказ за алтернативна, скриена историја на западната цивилизација и за тајните друштва што имаат контрола врз неа.

Веќе седум и пол века едно парче ткаенина се смета за скапоцена реликвија затоа што го носи ликот на распнатиот Исус Христос, но во 1988 година, резултатите од датирањето со јаглерод покажаа дека ткаенината не може да била направена пред 1260 година.

Сега нови докази со сигурност потврдуваат дека таа не е фалсификат... но зошто ликот не е оној на Исус Христос. Решавајки ја загатката на Покровот, книгава расплеткува една уште подлабока мистерија: како овој средновековен артефакт е директно поврзан и со Исус и со човекот за кој се верува дека е Исусовиот наследник. Чуварите на оваа голема тајна ревносно се труделе да ја скријат од светот, та дури и од луѓето од сопствените редови. Сепак, не им успало да ги уништат доказите... скриени во напуштените ритуали на масонството.

Сподели на Facebook