Богот на малите нешта

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

„Женскиот Достоевски“ и добитникот на „Букеровата награда“, индиската писателка Арундати Рој, не запознава со промените што се случуваат во животот на малите луѓе, во оној миг кога се наоѓаат без сопствена желба и намера во центарот на овие настани.

На југот на Индија, во областа Керала, оптоварена со табуа, касти и раси, се одвива приказната за забранетата љубов, за распадот на едно семејство и за детството прекинато преку ноќ. Тука се близнаците Еста и Рахел, нивната убава мајка Аму, нејзината љубов – недопирливиот Велута. Вујкото Чако, кој близнаците го гледаат како свој татко. Неговата ќерка Софи, љубена од почетокот. Баба Мамаџи, сопственик на фабрика за туршија и несудена виолинистка, Папачи – горд англофил и немилосрдна глава на семејството. Нивните животни судбини наликуваат на бујната вегетација низ која не води Арундати Рој, нудејки ни ги како зрели плодови нивната љубов, нивната надеж, нивното лудило и бескрајната среќа.

Сподели на Facebook