Како да излезете на крај со непријатните луѓе

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Модерниот начин на живот, комуникацијата и работата честопати ќе не принудат да се соочиме со луѓе со кои не е лесно да се излезе на крај. Некои од нив се доста агресивни и бучни, некои се само упорни, а некои удираат на нашата сочуствителност. Само во оваа книга ке сретнеме над дестина видови на овие, „тешки луѓе“. Положбата, професиите или образованието не можат да ве спасат. Ако сте работник и ви се погоди добар шеф тоа не значи дека нема да имате непријатни муштерии или лоши колеги. Ако сте управител тоа не значи дека меѓу потчинетите нема да има незгодни личности, па колку и да ги сеете низ сито вработувањата и отказите.

Дали овие напорни личности постојано ве вознемируваат или ви досадуваат од време на време? Во оваа книга ќе најдете патишта и начини да им кажете – НЕ. Ќе научите како да ги препознаете, што да им кажете и како со нив да се справите.

Сподели на Facebook