Играта на анѓелот

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Барселона – дваесеттите години на минатиот век. Во турбулентното време во кое животот е тежок и неизвесен, младиот писател Давид Мартин, опседнат со невозможна љубов, добива понуда од мистериозен издавач да напише книга каква што никогаш не била напишана, во замена за богатство и, можеби нешто повеќе... Низ контактот со таинствениот издавач, Давид се заплеткува во мрачна  приказна што била почната пред многу години. Колку повеќе се обидува да се извлече од комплицираната ситуација во која се наоѓа, толку повеќе станува дел од низа трагични случувања.

„Играта на ангелот“ ни ги опишува настаните што им претходат на настаните во „Сенка на ветрот“, од истиот автор, со што ни се доловуваат тајните кои го опкружуваат еден град и силата на пишаниот збор.

Сподели на Facebook