Верниот шпион

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Џон Велс е единствениот агент во ЦИА кој некогаш влегол во Ал Каеда. Уште пред нападите во 2001 година се крие во планините на Пакистан, чекајќи го својот миг, создавајќи си покритие.

Сега, по наредба на Омар Кадри, злобниот голем ум кој заговара се повеќе напади на Америка, Велс доаѓа дома. Ниту Кадри, ниту пак Џенифер Лексли, шефот на Велс во Ленгли не знаат што би можеле да очекуваат.

Бидејќи Велс целосно се сменил за време на годините што ги минал во планините. Станал Муслиман. Сфаќа дека Соединетите Американски Држави се декадентни и плитки. Сепак, ја мрази Ал Каеда и начинот на кој таа го искористува исламот за да ги оправда смртоносните напади на невините. Тој е осамен човек, а ЦИА се уште не може да се соземе поради неспособноста да ги предвиди 9/11 и да најде оружје за масовно уништување во Ирак...

Сподели на Facebook