Самрак

PDFПечатиЕ-пошта

( 16 Гласа )

Средношколката Бела Свон се помири со неизбежното. Мора да го напушти сончевиот Феникс во Аризона и да оди да живее со својот татко во Форкс, дождливо местенце на пацидичкиот брег, познато како најоблачно во САД. Што е уште полошо, во малото место секој се познава со секого, па Бела - која никогаш немала многу пријатели и отсекогаш ја сакала самотијата, сега мора пред сите да покаже колку е несмасна на часовите по физика и како паѓа во несвест штом види и најмала капка крв.

Само на најубавиот ученик во гимназијата во Форкс – Едвард Кален, едно од четирите деца на самотничкото семејство за коешто малку се знае, се чини, воопшто не му пречат нејзините слабости. Иако неговите ненадејни промени на расположението на почетокот за неа се необјасниви, Бела полека почнува да се сомнева дека решението на Едвардовата загатка лежи токму во крвта, човечката крв, нејзината крв, поради која Каленовото семејство толку многу се разликува од останатите жители на Форкс.

Сподели на Facebook