Среќниот ден е утре

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Во луксузниот кварт Олја има сè – богат маж, мерцедес, слугинки и пријатели на високи положби. И многу осаменост, за која секој нуди различен лек – 100 грама вотка, доза дрога или грст брза љубов. Но, според законите на судбината, таквиот живот не е заштитен од несреќи. Олја поминува низ вистинскиот пекол на човечкото страдање, за да воскресне како феникс и да почне да се стреми кон својата среќа. Меѓутоа, тоа не е бизнис понуда, туку своевиден предлог што дејствува за сите во еднакви услови.

„Среќниот ден е утре“ не е водич за престижните места на Рубловка и Москва. Не е прирачник за тоа како се станува богата девојка, туку телеграфски напишан, болно скандалозен роман за тоа дека утрешниот ден ќе дојде, а заедно со него и среќата. Кај тие што го посакуваат и што се подготвени за него.

 

Сподели на Facebook