Месечев тигар

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Клаудија Хемптон – убава, позната и независна, умира. Еден миг претходно на болничарките им кажува: „Ја пишувам историјата на светот... сиот оној победоносен, убиствен и незаприлив полет“. Како што и навираат сеќавањата, Клаудија го реди богатиот животен мозаик. Јасно и е дека нејзината приказна е испреплетена со приказните на другите луѓе кои порано или подоцна мораат да проговорат: Гордон – нејзиниот брат и омилен соперник, Џаспер - шармантен и недоверлив татко на нејзината ладна и обична ќерка Лиса, и во ценатрот на нејзиниот живот, Том – нејзината единствена вистинска љубов, пронајдена и изгубена на еден панаѓур во завојуваниот Египет.

 

Сподели на Facebook