Ќерката на партизанот

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Романот за пропуштените можности и за погрешно избраните животни патеки започнува со случајната средба на улица која целосно го менува животот на главниот јунак, припадник на англиската средна класа. Необична жена што ја запознава и со која се спријателува, почнува да му зборува за својот живот, и исто како во Шехерезада, по секоја приказна останува желбата за продолжение и за нова средба. Тој оди кај неа од ден на ден и додека во нејзините приказни му се открива целиот непознат свет на повоена Југославија, на комплицираните односи на братските народи, семејните драми што оставаат рани во душата, како и поинаквата, непозната, валкана слика на неговиот Лондон, јунакот полнува да се вљубува и да станува обземен од чудната жена што истовремено носи и многу болка и многу топлина во себе. Што се крие во таа жена ако на крајот токму тој ја повредува најмногу, кога имал намера да ја усреќи засекогаш? Дали приказните биле вистинити? Која е всушност таа?

 

Сподели на Facebook