Нов почеток

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Џорџ Бејли го добива подарокот за кој сонуваме сите ние – можност одново да го живее својот живот. По срцевиот удар, на Џорџ му пресадуваат срце на деветнаесетгодишник – и одеднаш сè се менува! Тој е пријател на своите малолетни деца, а не строг министер на полицијата што го контролира секое нивно движење. Води љубов со својата жена цела ноќ, а не од полноќ до проближно дванаесет и пет минути. Сака и да го измени светот – откако ќе му помине мамурлукот. Но Џорџ Бејли открива дека не е премногу забавно да бидеш одново млад – и повеќе од сè на светот си го сака назад својот стар живот.

 

Сподели на Facebook