Розата на Севастопол

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Русија, 1854; Кримската војна татни и со доаѓањето на лутата зима болниците на бојните полиња се преполни со војници на умирање. Пркосејки и на Флоренс Најтингејл, Роза Бар – млада, тврдоглава и прекрасна – патува во Балакалава одлучна да спаси што е можно повеќе ранети. За Мариела Лингвуд, роднината на Роза, војната постои само на страниците на нејзиниот споменар, во шивачкиот круг во Лондон и во писмата што ги добива од Хенри, нејзиниот свршеник, славен хирург кој исто така доброволно се пријавил да работи во сенките на пушките. Кога Хенри се разболува и е испратен на закрепнување во Италија, Мариела ненадејно решава дека мора да појде кај него. Но, по пристигнувањето во неговиот стан, Мариела и нејзината слугинка откриваат страшна вистина - Роза исчезнала. Следејќи ја трагата на нејзината недофатлива и волшебна роднина, епското патување ја води Мариела од домашната затвореност на викторијаски Лондон, до уништените пејсажи на Крим и трагичниот град Севастопол. Додека нурнува сè подлабоко во темното срце на војната, светот на Мариела почнува да се урива и таа сфаќа дека треба да научи уште многу за тајните, љубовта и верноста.

 

Сподели на Facebook