Четвртиот Кенеди

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Политички трилер кој започнува со атентат над папата кој се случува на Велигден. Тоа предизвикува глобални потреси кои ќе ги разнишат упориштата на моќта ширум светот, од палатата на султанот на Шерхебан до Белата куќа.

Американски претседател е харизматичниот Френсис Завиер Кенеди, потомок на познатото семејство што го следи зла коба. Иако сеуште ја оплакува смртта на својата жена, Кенеди им се посветува на подобрувањето на земјата и на создавањето на иделистички „нов општествен договор“. Откако е извршено страшното злосторство, Кенеди ладнокрвно се заколнува дека ќе го избрише Шерхабен од мапата, без оглед на американското богатство што е вложено таму. Членовите на неговиот кабинет и препредените остарени членови на Сократовиот клуб – во чии раце се наоѓаат пченицата, недвижностите, нафтата, медиумите и Конгресот – прават заговор за да го сменат. Случајни насилни дела ја оживуваат и ја зголемуваат опасноста. Во рамките на машката хиерархија на моќта, способните жени, како потрпетседателката Хелен ди Преј, сите ги пресметуваат своите потези...

 

Сподели на Facebook