Дебитантка

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Животот на главниот лик во овој роман, Олимпија, е среќен, исполнет, динамичен и успешен според сите мерила на современото општество. Таа има блескава адвокатска кариера и живее во втор брак со судијата од Апелациониот суд, со кого има едно дете, а со нив живеат и трите нејзини деца од претходниот брак. Двете ќерки близначки штотоку го завршуваат средното училиште, најстариот син е на колеџ, а најмалиот во градинка. Животот тече според својот утврден ред, сè додека едно утро нејзините ќерки не добијат покана за најелитниот дебитантски бал во Њујорк, традиција што постои неколку стотици години, на која Олимпија и припаѓа според својот аристократски родослов. Нејзиниот сегашен сопруг Хари се спротиставува на учеството на овој настан, сметајќи го за израз на врвен снобизам и дискриминација. И додека едната ќерка со одушевување ја прифаќа поканата за балот, другата со полиберални сфаќања, застанува на страната на својот очув. Во семејството избива војна поради несогласувањата околу значењето на дебитантскиот бал, војна која се заканува да ја растури дотогашната семејна идила...

 

Сподели на Facebook