Пророштвото на Романови

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Мајлс Лорд, адвокат од Атланта, доаѓа во Москва восхитен од мислата дека ќе учествува во создавањето на историјата. По паѓањето на комунизмот и по многубројните слаби и неефикасни влади, рускиот народ на референдум се изјаснува за обнова на царството, а далечните потомци на Николај Втори пред царистичката комисија започнуваат натпревар околу преземањето на рускиот престол. Мајлс добива налог од својата адвокатска фирма да ги истражи темелно сите расположиви податоци за еден од претендентите.

Меѓутоа проблемите со кои се соочува во текот на истражувањето стануваат вистинска ситница во однос на проблемите што ќе го снајдат откако еден ден ќе се најде под рафалниот оган на таинствени атентатори. Набргу по тоа, Мајлс тргнува во налудничава интерконтинентална потрага, воден од загадочното пророштво што укажува на тоа дека озлогласеното погубување на Романови, што го извршиле болшевиците во 1918 година, можеби не претставува завршно поглавје на приказната за руското царско семејство. Како што се покажува, пророштвото на Распутин би можело да има несогледливи последици – не само за иднината на рускиот цар и на Русија туку и за иднината на Малјс Лорд.

 

Сподели на Facebook