Жената на патникот низ времето

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Дебитантскиот роман на Одри Нифенгер е приказна за Клер, убава студентка по уметност и Хенри, авантуристички библиотекар. Се познаваат од седмата година на Клер и од триесет и осмата година на Хенри, а во брак се од нејзината дваесет и четврта година и неговата триесет и втора година. Невозможно но вистинито, зашто Хенри е еден од првите луѓе на кој му е дијагностицирано хроно-нарушување: неговиот генетски часовник периодично се враќа на нула и тој тогаш патува низ времето, а го влечат моментите на емотивни тешкотии од неговиот живот, од минатиот и од идниот. Неговите исчезнувања се спонтани, а неговите искуства непредвидливи, наизменично потресни и забавни.

Клер и Хенри се обидуваат да живеат нормален живот, се стремат кон пзитивни цели – постојана работа, пријателства, деца.. на сето тоа ќе му се закани нешто што не можат ни да го спречат ни да го контролираат, правејќи ја нивната приказна длабоко трогателна и навистина незаборавна.

 

Сподели на Facebook