Лекции за љубовната болка

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Изи си заминала од малиот град во Ирска за да започне нов живот во Њујорк. Во најдобрите години, со блескава работа за која и завидуваат, таа прави планови да отвори сопствена манекенска агенција, во која облеката на ревиите нема да ја носат депримирани преслаби девојчиња, туку жени како неа. Кога се вљубува во оженет човек, прекршувајки го со тоа своето строго правило дека тоа не се прави, Изи ќе се најде пред некои многу тешки прашања...
Од другата страна на океанот, во Ирска, Анелиза случајно открива дека нејзиниот сопруг и нејзината најдобра пријателка се во врска... Како изгледа кога средовечната жена, која отсекогаш мислела дека има среќен живот и добар брак, почнува да го преиспитува секој миг во кој двајцата најважни луѓе за неа ја издале, а биле присутни во нејзиниот живот, кој одеднаш се претвора во застрашувачка лага што таа не знаела да ја открие.
Непосредно пред да заврши во болница, Лили решава да и ја раскаже својата љубовна приказна на Изи, нејзината внука, која ја одгледала и на која и била како мајка, приказна што останала скриена во неа во текот на целиот нејзин долг живот... Ќе и помогне ли тоа на Изи во нејзината животна дилема? Дали големите љубови личат една на друга, во кое време и да се случуваат? И што да се прави кога жената од некои причини мора да се откаже? Голема приказна за тоа дека љубовта е сè дури и кога не е доволна...

Сподели на Facebook