Пасија според Кармела

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Пасија поред Кармела е исклучителна приказна за љубовта меѓу една кубанска лекарка и аргентински економист во срцето на кубанската револуција. Со нивнот еротски однос и со нивните идеолошки сфаќања управува реалноста што тие не ја контролираат и така стануваат ликови со хомеровски размри. Невидливи богови се мешаат и ги испреплетуваат физичката привлечност и интелектуалниот восхит, храброста и стравот и неочекуваното соучесништво. Својата тешка и искрена љубов ја градат на една од најтрусните и најромантични арени на латиноамериканската историја, влегувајќи во виори што го одземаат здивот и го превртуваат светот.

Сподели на Facebook