Накит

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Накит е приказна која се случува во половината на дваесеттиот век и го следи животот на една жена, нејзиниот брак, војната и делумно животот на нејзините деца.
Младата и убава Американка, Сара Томпсон, има само дваесет и една година и неуспешен брак зад себе. За да ги надмине очајот и депресијата во кои запаѓа, заедно со своите родители заминува на патување низ Европа.

На тоа патување, во Англија се запознава со Вилијам, војводата од Витфилд, кој едноставно е маѓепсан од неа и прави сè за да ја освои.
Нивната љубов ја крунисуваат со брак и заеднчкиот живот го започнуваат во еден замок во Франција. Но, почнува Втората светска војна и нивната среќа е прекината. Вилијам заминува во Англија и директно се вклучува во воените акции на военото воздухплиоство, а Сара останува дома со едно мало дете и со второто на пат. Следуваат мачни години на неизвесност, страв и исчекување...
Кога конечно војната завршува, Вилијам и Сара Витфилд со желба финансиски да помогнат на мнозина кои во тој период се нашле во криза почнуваат да вршат откуп на накит, по што целата таа работа завршува со отворање продавница за накит која заполнува со успешна работа и постојана експанзија.
Семејството Витфилд се проширува, се раѓаат нови членови во него. Конфликтите во семејството се јавуваат кога Вилијам ќе умре и Сара ќе истане сама да се бори за да ја одржи контролата во семејството и семејниот бизнис...

Сподели на Facebook